ВИДЕО: Драматично на планината Огражден: Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили се заробени од пожарот

 

Во драматично обраќање преку фејсбук градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов заедно со тим на пожарникари од ТППЕ Струмица и неколку цивили побара помош да бидат евакуирани од местото на пажарот над селото Бадилен каде од сите страни се заробени од огнената стихија.

-Од сите страни околу нас гори и очекуваме двата хеликоптери кои го гаснат пожарот да изгаснат еден негов дел за да можеме да се евакуираме или да дојдат по нас да не земат, бидејќи сите копнени врски се прекинати, изјави Божинов.

Како што изјави Божинов тие се опколени од огнот во радиус од 500 метри и очекуваат што обргу да бидат извлечени.

 

17.07.2024 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега