ВИДЕО: Драма на аеродромот во Тел Авив, Шолц евакуиран од авионот

 

Вистинската драма се одвивала во моментот кога авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц требало да го напушти Тел Авив.

Непосредно пред полетувањето од аеродромот Бен Гурион се огласиле сирените. Шолц веќе се качил во владиниот авион кога дошла наредбата сите патници да излезат од авионот и да легнат на подот.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц  беше евакуиран од аеродромот во Тел Авив“, информираат израелските медиуми кои објавија и видео од евакуацијата.

Кога се огласи сирената за воздушен напад на аеродромот во Тел Авив, германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот тим лежеа на земја.

Станува збор за детонации од израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“, кои од небо ги соборија ракетите на Хамас. Билд наведува дека биле истрелани два противавионски проектили кои јасно се слушнале на аеродромот.

Шолц вчера го посети Израел за да изрази солидарност со таа земја по нападот на Хамас.

18.10.2023 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега