(ВИДЕО) Дарио Николовски: Зелената енергија е иднината и ние максимално вложуваме во неа
Владата изработи стратегија за развој на енергетиката до 2040 година согласно европскиот „зелен договор“ што налага производството на електрична енергија од обновливи извори да се зголемува.
Според зборовите на директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски „Она што е нај актуелно периодов е завршната фаза на ветерниот парк Богословец во Св. Николе. Тоа е ветерен парк што треба до крајот на годината да се заврши со техничките процедури и се надевам дека од идната година ќе почне со работа“, вели тој во интервју за Фронтлајн.
Станува збор за голем ветерен парк од осум турбини со моќност од 36 мегавати и со тоа ќе биде поддршка за целиот енергетски систем во земјата, особено сега во време на светска енергетска криза, појаснува Николовски.
Тој нагласува дека од увидот на терен видливо е дека сè е инсталирано и се очекува само да се изврши пробната намена, да се финишира со целата потребна документација и да се пушти во употреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа