(ВИДЕО) Арсова: Врсничкото насилство е причина број еден за самоубиства кај млади лица

 

Врсничкото насилство е многу сериозна тема, не е нешто ново. Тоа е нешто кое постои, но се интензивира, не само кај нас, туку и во светот во последните децении и за жал врсничкото насилство е причина број еден за самоубиство, односно смртност кај млади лица, изјави Славица Арсова, психијатар и професорка на Катедрата за психијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

– Причина број еден кај младите луѓе е токму самоубиството. Самоубиствата како такви, во период на адолесценција, имаат сериозна врска со долготрајно трпење на врсничко насилство. И сметам дека многу треба да се зборува на оваа тема, затоа што, како прво, не го препознаваме. Голем дел и од наставниците не го препознаваат, за жал. Не препознаваат што е тоа насилство и колку и какво влијание има тоа врз менталното здравје. Во нашата популација, генерално не се препознава насилството, не само на ниво на врсници, туку и на ниво на семејно насилство. Најчести жртви се токму деца, жени и стари лица, изјави Арсова.

09.05.2023 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега