(ВИДЕО) Ангелов од терен: Воспоставена делумна контрола над пожарот на границата со Грција
Пожарот што попладнево изби во близина на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, е ставен делумно под контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов
– Горат уште два крака. Благодарение на одличното дејство на ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, но и на пожарникарите на Дојран и Гевгелија кои спречија да се прошири огнот кон полето затоа што сувата трева и ветерот, овозможуваат брзо ширење. Пожарот е делумно под контрола, кажа директорот на ЦУК.
Како што објасни Ангелов, пожарот се наоѓа на линија на фронтот од Првата светска војна и досега се слушнати повеќе од 20 детонации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа