Давитковски: Укинувањето на балансерот е донесен од страна на претходната влада

 

„Укинувањето на балансерот е од претходните години. Прво извештајот на Европската Унија што беше каде се укажува дека балансерот предизвикува негативни дејствија при вработувањето. Второ претходната Влада, каде во МАНУ се направи една голема јавна расправа односно презентација на Стратегијата за јавниот сектор 2023-2030 година, таму една од одредбите беше укинувањето на балансерот и тоа е од претходната Влада донесено, а не од оваа Влада“, истакна универзитетскиот професор Борче Давитоковски во гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Според Давитковски, воопшто не се во право политичките партии кои велат дека се укинува уставниот амандман за правична застапеност откако Уставниот суд покрена постапка.

„Балансерот е методологијата како да се дојде до таа правична застапеност. Тоа беше регулирано во два закони и тоа Закон за вработени во јавен сектор и Закон за јавна администрација и во правилникот и формата каде задолжително секој апликант да каже националната припадност. Тие три одредби се укинаа“, образложи Давитковски.

14.10.2024 - 22:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега