(Видео) Активисти упаднале во куќата на британскиот премиер: Се качиле на покривот од неговата куќа и развиориле транспарент
Активисти на организацијата „Гринпис“ денеска се искачија на покривот на куќата на британскиот премиер Риши Сунак во Јоркшир во знак на протест поради проширувањето на ископувањата за нафта и гас во близина на брегот на Шкотска.
Двајца демонстранти користеле скали и јажиња за качување за да стигнат до покривот на куќата на Сунак, каде што развиле транспарент од црна ткаенина за да ја покрие едната страна од зградата, пишува Sky News.
Останатите двајца развиле транспарент на кој пишувало: „Риши Сунак – профит од нафтата или нашата иднина“.
Сунак претходно најави дека британската влада ќе издаде десетици нови дозволи за ископување нафта и гас во Северното Море, велејќи дека фосилните горива сè уште ќе бидат потребни до преминот кон „нулта емисија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа