(ВИДЕО) 20 верници „премрзнаа“ додека да го најдат светиот крст во битолско Кукуречани

 

По светиот крст вчера се фрлаа верниците низ целата земја.

Празникот се одбележа во сите градови и села во Македонија, а крстот се фрлаше во реки, езера и базени.

Едно интересно видео пристигнува од битолското село Кукуречани каде крстот буквално се бараше цели пет минути.

И ништо немаше да биде спорно, доколку базенот не беше толку мал што едвај ги собра сите дваесетина капачи кои не можеа да го најдат крстот.

20.01.2023 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега