Вештакот за „Ласкарци“ кој се поврзува со ДУИ, пак не дојде на судење: Го видов пред „Мавровка“
По третпат, вештакот Зеќирија Зекири не дојде да одговара на прашањата за супервештачењето кое го изработи за несреќата кај Ласкарци. Тој пред судот отсуството го оправдува со тезата дека и натаму има здравствени проблеми. Недоаѓањето на вештакот да сведочи, го блокира предметот.
Роднина на еден од настраданите, пак, во судница тврдеше дека го видел вештакот пред „Мавровка“. Во оваа насока, реагираше и обвинителот Дарко Јакимовски кој пред судот кажа дека Зекири, кој не доаѓа на судење, одел на работа.
„Макфакс“ веќе објави дека Валдет Џафери, директорот на Бирото за судско вештачење, во кое се работеше супер вештачењето за „Ласкарци“, и вештакот Зеќирија Зеќири, кој го изработи вештачењето, ги поврзува партијата ДУИ.
Директорот е претседател на разгранокот на ДУИ во Гостивар, а Зеќири е симпатизер на партијата, за што сведочат неговите фотографии на социјалните мрежи. Гостивар, пак, освен со директорот Џафери, се поврзува и со „Дурмо турс“, чиј автобус излета кај Ласкарци, при што загинаа 16 лица – бидејќи тоа е градот во кој се наоѓа седиштето на компанијата. Бирото со кое раководи Џафери е одговорно што една година се чекаше супер вештачењето за „Ласкарци“, а сега, кога тоа стаса, вештакот се разболел, но не доставил документација до судот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа