Велосипедист тешко повреден по удар од мопед
Вчера, во 14 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата Охридска во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од М. М. (42) од Битола, и велосипед, кој го управувал малолетник од Битола.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а М. М. добил телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола.
19.10.2023 - 15:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа