Веб-порталот на Собранието под сајбер напад

 

Собранискиот веб-сајт беше надвор од функција, поради сајбер напад. Од Кабинетот на претседателот Талат Џафери посочуваат дека нивните ИТ експерти констатирале дека поради тоа што нападите доаѓале од странски ИП адреси, сега, до сајтот може да се пристапува само од Македонија.

„Информираме дека интернет страницата на Собранието е вратена во функција. Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен“, посочуваат од Собранието.

25.03.2023 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа