Ужас на крстосница во Битола: Тешко повреден мотоциклист

Вчера во 11:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улица „Димитар Илиевски Мурато” и улица „Христо Христов” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(37) од Прилеп и мопед „априлија” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ѓ.(31) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

06.08.2024 - 17:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега