Ужас го потресе Белград: Татко си го претепал детето, а потоа стапалата и дланките му ги ставил на врел шпорет

Насилникот И.А. (40) го претепал неговиот син со раце и нозе во стан во Белград, а потоа му ги ставил стапалата и дланките на врел шпорет.

Осомничениот се товари за семејно насилство, пренесуваат српските медиуми.

Момчето било примено во болница во тешка состојба. Имало гребнатинки и модринки.

Но, при прегледот лекарите констатирале дека има изгореници и на дланките и стапалата.

За се е известено обвинителството и Центарот за социјална работа во Белград.

Момчето според написите, се уште е во тешка состојба.

16.07.2024 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега