Ужас: Гевгеличанец нападнал малолетничка и ја силувал при што и дал и марихуана
Полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.М.(26) од Гевгелија заради сомнение дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско, при што ѝ дал да користи марихуана, соопштија денеска од СВР Струмица.
-Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени грендери и други предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, информираа од СВР Струмица.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа