Утрово пуштено парно само во Бутел и Чаир - остатокот од Скопје со студени радијатори

 

Утрово скопските семејства во Бутел и Чаир се разбудија со парно, а останатите домаќинства во главниот град со студени радијатори. Граѓаните од Бутел и Чаир, се греат на Топланата Скопје север и станува збор за околу 500 семејства.

Како што пренесува Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од Макпетрол, компанија која го набавува овој енергенс од Гаспром.

Дека топланата Скопје Север и утрово пушти парно, за Фактор потврди директорот на Топлана Скопје Север, Куштрим Рамадани.

 

„Точно е дека набавивме гас за следните неколку дена, и ако прогнозите нагло не се сменат, во вторник наутро треба да има парно, а ќе пуштиме и во среда. Системот технички е во ред, денеска ги правиме потребните проверки“, изјавил вчера Рамадани за порталот.

 

04.10.2022 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега