Утрово на едниот дел од државата минусна температура, на другиот вистинска пролет
Утрово е најстудено во Лазарополе, -1 степен, а максимални 10 степени се измерени во Гевгелија. Изминатите 24 часа, пак, највеже дожд наврнал во Маврови Анови, 11 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Прилеп, Битола, Гевгелија и Дојран, еден литар на единица површина.
Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата била еден степен во Берово и Маврови Анови, 2 во Крива Паланка, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Куманово и Дебар, 5 во Прилеп, Струмица, Штип, Виница и Претор, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Демир Капија, како и 9 во Дојран.
До 8 часот утрово водниот талог е 10 литри на метар квадратен во Лазарополе, 8 во Виница и Крива Паланка, 5 во Дебар и на Попова Шапка, 4 во Берово, Охрид и Крушево, 3 во Струмица, како и 2 во Пожаране.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степенa.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен слаб дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне 17 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа