Утре речиси 330 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 3%

 

Од утре речиси 330 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 3%. Станува збор за редовно порамнување, кое се прави 2 пати годишно, согласно порастот на трошоците за живот.

Зголемувањето е во просек за 460 денари, а најниските - до 11.000 денари ќе бидат повисоки за 304 денари. Минимална пензија земаат скоро 90 илјади лица.

Речиси 234 илјади пензионери земаат пензија до 18.000 денари. Над оваа сума се 95 илјади. Но има и такви чии месечни пензии се до 57.000 денари. Кај нив зголемувањето ќе биде највисоко. 

-Највисоко зголемување ќе има кај пензиите од 44.000 до 57.000 денари. Следното зголемување, односно порамнување ќе биде во јули.

25.01.2022 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега