Уште едно поскапување: Катастарските услуги скокнаа за неверојатни 300%

 

Тројно поскапеа дел од катастарските услуги. При купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, јави Сител.

Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата. Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи 3-те листа граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Агенцијата за Катастар го објави новиот Тарифник, со кој поскапеа и геодетите. Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари. 

Значително е поскапувањето за инвеститорите на инфраструктурни објекти. За предбележување на имотен лист во фаза на градба ќе се плаќа по 5,250 денари по имотен лист. Истата сума е и за предбележување како услов за запишување на инфраструктурните објекти. За бришење на предбележување услугата чини 2,625 денари.

Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот. За Сител велат дека сега граѓаните ќе треба да подигаат кредит за да можат да ги платат високите давачки. Но, за колку вкупно се поскапени услугите, не можат точно да кажат, затоа што не ги направиле деталните пресметки.

Првиот човек на Катастар не одговори на нашите повици да објасни на што се должи енормното зголемување на цените, но за МИА изјавил дека зголемувањето било направено поради зголемените реални трошоци (за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои биле основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.

20.02.2024 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега