Уште една македонска радост: Нашата Миа победи во квалификациската трка во Токио

Најмладата македонска Олимпијка, Миа Блажевска Еминова победи во втората квалификациска група во дисциплината 100 метри слободно, така што ја исплива делиницата за време од 57 секунди и 19 стотинки.

Ова време беше послабо со кое 15-годишната Миа беше пријавена за учество на Олимписките игри (57,13), но сепак беше доволно таа да заврши на 40-то место од вкупно 52 натпреварувачки.

Иако Блажевска Еминова не успеа да го подобри својот резултат, како и да го собори и апсолутниот државен рекорд на Анастасија Богдановски, во време од 56,50, сепак според многумина на нашата пливачка надеж и претстои блескава кариера и се очекува таа во иднина значително да ги подобри своите резултати на првенствата што и претстојат.

28.07.2021 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега