Уште еден силен земјотрес во Турција

 

Трет земјотрес, уште еден во низата силни земјотреси годинава во Кахраманмарас од почетокот на годинава.

Земјотресот со јачина од 4,5 степени ја погоди денеска централна Турција, објавено е на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри, на 66 километри северозападно од Кахраманмарас, град со речиси 400.000 жители.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Кахраманмарас беше епицентарот на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер, кои ја погодија Турција на почетокот на годината.

22.07.2023 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега