Ураганот „Идалија“ и’ се заканува на Флорида, властите наредија евакуација: „Тоа ќе биде голем ураган“

 

 

Властите на Флорида наредија евакуација на жителите на Западниот брег пред ураганот Идалија, кој може да се зајакне и да стане „исклучително опасен“ пред да падне на копно во среда.

„Ако ви е кажано да се евакуирате, морате да го направите тоа веднаш“, рече гувернерот на државата Рон ДеСантис на прес-конференција: „Ќе биде голем ураган“.

Тропската бура Идалија преку ноќ стана ураган, соопшти американскиот Национален центар за урагани, додавајќи дека се очекува бурата „брзо да се зајакне и да стане исклучително опасен и голем ураган пред да пристигне во среда“. „Големиот ураган“ е класификација што се однесува на оние урагани кои ја надминуваат категоријата 3 на скалата Сафир-Симпсон од вкупно 5.

Ваквите урагани најчесто предизвикуваат „катастрофално уништување“, предупреди центарот за урагани.

29.08.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега