Украинците: Убивме 200 војници во напад на руската база

 

 

Во недамнешниот напад на руска база убивме дури 200 руски војници и командантот на окупираниот град Токмак, изјави украински функционер.

„Нашите одбранбени сили започнаа успешна операција против позициите на окупаторите во Токмак“, напиша на Телеграм Иван Федоров, градоначалник на окупираниот Мелитопол.

На Телеграм во вторникот беше објавено дека украинските сили масовно го гранатираат Токмак и дека се забележани шест напади.

Владимир Рогов, функционер од Запорожје кој беше назначен од Русија, исто така рече дека тој ден имало голем број експлозии во градот, објавувајќи видео од пожар на отворен простор.

13.07.2023 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега