Украина тврди дека го убила командантот на руската Црноморска флота

 

Украинската армија денеска тврди дека го убила командантот на руската Црноморска флота во напад на нејзиното седиште што се случи во петокот во Севастопол, во анектираниот Крим

„Триесет и четири офицери, вклучително и командантот на руската Црноморска флота, загинаа по ударот“, објавија украинските специјални сили на Телеграм, без да наведат никакви докази.

Повредени се уште сто и пет лица, тврди истиот извор.

Агенцијата АФП наведува дека не може да ги потврди овие тврдења, додека Москва речиси никогаш не известува за загуби во Украина, дури и кога станува збор за високи функционери.

Русија во петокот извести дека само еден војник е исчезнат по нападот во кој сериозно е оштетено седиштето на руската Црноморска флота.

Нападот ја илустрира тешкотијата на руската противвоздушна одбрана во спротивставувањето на редовните напади на украинскиот полуостров, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и е важен логистички центар за силите на Москва.

Украина вети дека ќе ги врати сите територии окупирани од Москва, вклучувајќи го и Крим.

25.09.2023 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега