Украина соопшти дека нема доволно опрема за да започне контраофанзива

Игор Жовква, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател,  изјави дека Украина нема доволно воена опрема за да започне контраофанзива против Русија.

„За да започнете контраофанзива, чиј резултат е ослободување на украинските територии, потребни ви се доволно артилериски системи и муниција. Ви требаат оклопни возила и тенкови. Сакаме оваа контраофанзива да биде што е можно поуспешна“, рече соработникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека Зеленски ги посетил европските соседи, како и Велика Британија, Германија и Италија со „главна цел да побара дополнителна воена помош“, пренесува Скај Њуз.

– За жал, нивото на опрема што го имаме се уште не е доволно за да започнеме контраофанзива, потенцира Жовква.

16.05.2023 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега