УХМР: Во среда најтопло, од петок разладување

Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност, соопшти УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени.

Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок.

10.06.2024 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега