УХМР со предупредување за попладнево
Утрово е најстудено во Битола, 4 степени, а максимални 13 степени се измерени во Штип и Демир Капија. Најмногу дожд изминатите 24 часа, наврнал во Охрид, осум литри на метар квадратен.
Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и 6 степени во Струмица, Берово, Претор и Крушево 7 во Крива Паланка и Охрид, 9 во Тетово, 10 во Скопје-Петровец и Виница, како и 11 степени во Куманово.
Наврнатиот воден талог до 07 часот утрово е 4 литри на метар квадратен во Крушево и Претор, 2 во Крива Паланка и еден литар на метар квадратен во Тетово, Штип и Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа