УХМР со најави за локално невреме

Времето до крајот на денов сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во североисточните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 50 км/час), информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температура ќе биде до 35 степени.

Синоптичарите за четврток и петок најавуваат локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во покачување.

06.08.2024 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега