УХМР со најава: Ќе вее снег

 

Иако Март важи како месец во кој се случуваат промени па е познат и како "Баба Марта со 300 ума", годинава не изненади април и од пролет и пролетни температури, се вративме на снег, кочан ладни утра и зимски јакни.

УХМР за денеска најавува дека времето ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно, ветровито и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 8 степени.

08.04.2025 - 08:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега