Уапсено лице кое со помош на вештачка интелегенција го имитирало гласот на Ердоган, се јавувал кај бизнисмени и функционери

 

За време на операција на турската разузнавачка агенција МИТ во Турција, приведено е лице кое со помош на вештачка интелигенција го имитирало гласот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и се јавувал кај бизнисмени и високи владини претставници, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Во операцијата на МИТ беше откриено дека измамникот се обидувал да го имитира гласот на претседателот Ердоган со помош на апликации за вештачка интелигенција. Тој повикал угледни бизнисмени и владини функционери од преку десет телефонски броеви заради различни измами.

Единиците за безбедност на МИТ успеале релативно брзо да го утврдат идентитетот и локацијата на измамникот, по што тој бил приведен.

Турските власти ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни при ваквите обиди за измама, ветувајќи дека мерките против ваквите постапки континуирано ќе се засилуваат.

 

17.08.2023 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега