Уапсена полицајка за учество во убиство во Србија
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на Србија изјави дека полицијата уапсила полицајка на Управата за гранична полиција за која се сомничи дека во средината на 2019 година учествувала во соучесништво во кривично дело тешко убиство.
„Полицијата во Сомбор ја уапсила К. К. (1979), полицајка на Управата за гранична полиција, поради постоење основано сомнение дека кон средината на 2019 година учествувала во соизвршување со П. Б. (1988) од Врбас и потпомогнати од Д. С. (1987) од Сомбор за сторено кривично дело тешко убиство. Засега станува збор за непознато лице, чиј идентитет се утврдува врз основа на ДНК-примерокот земен од остатоците од скелетот пронајдени на местото на злосторството. Другите двајца осомничени издржуваат затворски казни за други кривични дела. Со ова се расветлува тешко убиство сторено пред пет години“, рече министерот Дачиќ.
Засега не е познат идентитетот на убиениот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа