Средношколците се приклучуваат на протестот пред Град Скопје: Бараме итни и одржливи решенија за јавниот превоз
Сојузот на средношколци ќе се приклучи на протестот кој е најавен за денеска. Средношколците велат, секојдневното патување до училиште е сѐ потешко.
-Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици. Сојузот останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека нашите гласови ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот, велат од Сојузот.
Протестот ќе започне 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа