Уапсен маж во Франција: Се искачил на Ајфеловата кула
Француската полиција уапси маж кој се искачи на Ајфеловата кула во Париз, поради што посетителите привремено останаа на врвот на кулата, вклучително и новинар на АП и двојка од Вашингтон, кои решија да се венчаат додека чекаа.
Пожарникарите го извадиле од кулата, по што бил уапсен.
Полицијата соопшти дека мажот носел транспарент за американската пејачка Били Ајлиш и на кој пишувало: „Ослободете ја Били Ајлиш“.
Поради неговото качување на кулата, лифтовите на Ајфеловата кула привремено престанале да работат, поради што млад човек решил да ја запроси својата девојка таму наместо во ресторанот како што планирал.
По запросувањето, девојката кажала дека не може да ја одбие понудата бидејќи, како што рекла, кој може да одбие додека е заробен на врвот на кула од 330 метри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа