Уапсен маж од Косово на Табановце, на увид дал фалсификуван документ
Денеска, во 2 часот, на граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода 43-годишниот И. Н. од Косово затоа што при контрола на документите било констатирано дека германската возачка дозвола што ја дал на увид била фалсификувана, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
13.10.2023 - 13:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа