Се судрија воз и камион во Германија, дванаесет лица се повредени
Дванаесет лица се повредени кога попладнево брз воз се судри со камион во близина на северниот германски град Хамбург.
Во несреќата едно лице се здоби со повреди опасни по живот и е пренесено во болница. Уште еден патник се здобил со тешки телесни повреди, а 10 лица се полесно повредени.
Полицијата се подготвува да ги евакуира преостанатите 269 патници од возот.
Во возот имало околу 300 патници.
11.02.2025 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа