Голем пожар во Буенос Аирес: Над 100 луѓе евакуирани од зграда со 54 ката

 


Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од зграда со 54 ката во Буенос Аирес откако изби голем пожар.

Пожарот избувнал на 11-от кат од кулата Реноар 2, која е една од највисоките згради во главниот град на Аргентина и се наоѓа во областа Пуерто Мадеро.

Досега околу 50 лица добиле лекарска помош на самото место поради вдишување чад, а само едно лице морало да биде хоспитализирано

Пожарникарите вршат увид и сè уште не се знае дали има луѓе на катовите над пожарот. 

11.02.2025 - 19:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега