Уапсен гостиварец, ја силувал својата невенчана сопруга
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера во 18 часот и 30 минути го лишиле од слобода 52-годишниот гостиварец А.С., кој два часа порано бил пријавен од неговата 37-годишна невенчана сопруга дека претходната ноќ, спротивно на нејзината волја, извршил полов напад, извести СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.
09.10.2023 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа