Уапсен Дрин, внук на Али Ахмети - полицијата му најде 750 пиротехнички средства

 

При преглед на патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, полицијата пронајде 749 пиротехнички средства, извести МВР.

„Вечерва во 19.50 часот на улица „Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од 25-годишниот Дрин Ахмети од село Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства“, соопшти МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

31.12.2023 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега