Уапсен Доналд Трамп
Доналд Трамп е уапсен, јавува Си-Ен-Ен. Ова се случи кога тој пристигна во судот во Мајами, каде што ќе биде обвинет за 37 точки за незаконско чување на доверливи документи.
Запленете се сите електронски уреди на поранешниот американски претседател и земени му се отпечатоци од прсти.
Доналд Трамп од хотелот до судот пристигна со автомобил и беше придружуван од неговите адвокати. Светските медиуми пренесуваат дека тој се изјаснил за невин за сите 37 обвиненија, вклучително и незаконско поседување доверливи документи, лажно сведочење и попречување на правдата.
Во домот на поранешниот шеф на државата беа пронајдени и папки за нуклеарната програма на САД, за воените можности и слабости на сојузниците. Иако доказите против него се цврсти, Трамп тврди дека е невин. Тој ги дефинираше обвиненијата како „мешање во изборите“ и вината ја префрли на администрацијата на Бајден. Поддржувачите на поранешниот претседател се собраа пред судот за да протестираат против обвиненијата.
Се наведува дека може да помине една година пред случајот да стигне до фаза на судење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа