„Twitter“ добива контроверзна функција
„Twitter“ продолжува да воведува нови функции на оваа мрежа откако Илон Маск ја презеде компанијата.
Најновата опција, претставена оваа недела, е поврзана со прикажување на бројот на прегледи на твитовите – корисниците сега можат да видат колку луѓе ја прегледале нивната објава, односно можат да го видат бројот на прегледи на сите твитови на таа мрежа, со неколку исклучоци како што се постари објави.
Опцијата најпрво е достапна на мобилните апликации за „Android“ и за „Apple“ уредите, а најавена е и за веб верзијата на „Twitter“, иако за некои веќе е достапна таму. Илон Маск е прилично ентузијаст за оваа опција, посочувајќи дека повеќе од 90 отсто од корисниците на „Twitter“ читаат објави на мрежата, но не објавуваат, одговараат или лајкуваат на нив, па бројот на прегледи ќе покаже колку е вистинскиот интерес за еден твит.
Како што објаснуваат од „Twitter“, секој пат кога ќе се појави твит на екранот се брои како еден преглед, без разлика дали се работи за лизгање на екраните на мобилните уреди и компјутерите, односно твитови прегледани на кориснички профили, при пребарување, твитови вметнати во написи, се бројат и сл. Интересно е што дури и твит погледнат од личноста што го објавил се брои како преглед.
Иако е корисна опција, сепак не е добра вест за сите, бидејќи за некои корисници последиците би можеле да бидат токму спротивни. Имено, корисниците на „Twitter“ чии објави немаат толку многу прегледи веројатно нема да бидат воодушевени што сега сите ќе ја видат нивната статистика.
Исто така, тоа е спротивно на трендовите на пазарот за социјално вмрежување. Да потсетиме, минатата година „Facebook“ и „Instagram“ им дозволија на корисниците да го сокријат бројот на лајкови за нивните објави. Имено, јавно видливиот мал број лајкови може негативно да се одрази на луѓето, особено на помладите, па „Meta“ им даде можност да ги сокријат тие бројки.
Слично е и со „YouTube“, кој минатата година почна да крие некои бројки, како на пример бројот на корисници кои стискале на видео, па сега тие податоци се видливи само за креаторите на содржина на тој видео сервис, но не и за другите посетители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа