„Твитер“ ќе им овозможи на медиумите да го наплаќаат читањето
Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, најави дека корисниците на неговата платформа ќе може да избегнат месечни трошоци и дека од мај ќе им овозможат да плаќаат по прочитан текст.
Станува збор за нова услуга one click („еден клик“), која, според Маск, може да биде вин-вин решение и за медиумите и за јавноста бидејќи медиумските компании ќе може на читателите да им наплаќаат повисока цена за напис, без предуслов читателите да го платат целосниот износ на претплатата.
Маск не прецизира колкав процент ќе земе „Твитер“, ниту ги откри условите што оваа социјална мрежа ќе им ги постави на медиумите.
Дали тоа навистина ќе се случи овој месец тешко е да се каже бидејќи Маск има навика нешто помпезно да најавува, а потоа малку да доцни со реализацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа