Турција ги предупреди своите граѓани: Можни се исламофобични и расистички напади во САД и Европа
Турција ги предупреди своите граѓани на можни исламофобични, ксенофобични и расистички напади во САД и Европа.
Предупредувањето дојде откако неколку западни држави ги предупредија своите граѓани во Турција за можни терористички напади.
Во два одвоени совети за патување, турското Министерство за надворешни работи ги советуваше своите граѓани во САД и европските земји „да се однесуваат смирено наспроти можното ксенофобично и расистичко вознемирување и напади“ и „да се држат настрана од областите каде што демонстрациите би можеле да се интензивираат“, јавуваат турските медиуми.
Неколку амбасади во Анкара, вклучително и оние на САД, Германија, Франција и Италија, издадоа безбедносни предупредувања за своите граѓани во Турција, предупредувајќи на „можни одмазднички терористички напади врз светилиштата“.
Ова следува по неодамнешните инциденти со палењето на Куранот во Европа.
Министерството за надворешни работи на Шведска, исто така, ги советуваше своите граѓани во Турција во саботата да избегнуваат гужви и протести.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа