Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

 

Вчера вечер во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, 24-годишната Т.П. од Скопје пријавила дека на улица „Владимир Комаров“ била касната од куче скитник, извести МВР.

Во Полициската станица Аеродром, каснување од куче кај Железничката Станица Скопје, вчера пријавил и 66-годишниот Е.Д. од Скопје.

Во 17.30 часот во Полициската станица Драчево, 33-годишниот Р.Д. од Скопје пријавил дека на улица „Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.

29.11.2023 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега