Три општини во Скопје утре без струја - бидете спремни
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 19.10.2022 година (среда, без електрична енергија ќе останат голем број корисници.
Во 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. „Блажо Орландиќ“ и дел од ул..12-та Македонска бригада, (во околината на крстосницата кај кулите Џевахир) во општина Аеродром.
Од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од дел од ул. „Методија Патчев“ во нас. Драчево, општина Кисела Вода.
Без струја во периодот 10:00 – 14:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од ул. „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа