Три лица загинаа во сообраќајката на патот Скопје-Велес: Се преврте комбе

 

Три лица загинаа во фаталната сообраќајка на патот Скопје-Велес, а пет лица се борат за живот. 

Според информациите на Прес 24, истата се случила пред тунелот, кога се превртело комбе.

Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје  -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, изјавија од МВР за Прес24.

16.10.2024 - 19:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега