Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

 

Три лица од Скопје пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.

Ноќеска во 00.25 часот во Полициската станица Аеродром, А.А.(49) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 10.30 часот во Полициското одделение Петровец, К.П.(31) од нас.Илинден, скопско пријавил дека на ул.„19“ во нас.Илинден бил каснат од куче скитник.

Исто така вчера во во 22.00 часот во Полициската станица Чаир, О.Б.(21) од Скопје пријавила дека на ул.„Бутелска“ во Скопје била касната од куче скитник.

23.06.2024 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега