Три деца од Куманово се заразени со голема кашлица, ниту едно не посетувало градинка

 

Двете деца се од исто семејство и се на возраст од 4 години и 13 месеци.

Третото дете е на возраст од 18 месеци. Ниту едно од децата не посетувало градинка.

Тринаесетмесечното бебе се лекува во Козле, 18 месечното е на приватна клиника, a четиригодишното дете е на домашна тепарија.

Сите се лабораториски потврдени случаи и се невакцинирани деца. Останува нашата препорака да се вакцинираат децата“ -  изјави доктор Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е недоволен, информираа претходно од Здравствен дом, детски диспанзер. Надлежните велат болеста е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата.

Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални“ -  изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.

09.02.2024 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега