Тренчевска: Современите студиски практики гаранција за флуидност на пазарот на труд

 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Проекторатот на Меѓународен Балкански Универзитет Професор д-р. Мевлудин Ибиш. На средбата се разговараше за можностите кои што ги нуди универзитетот како на студентите во Република Северна Македонија така и од другите држави.

На средбата се разговараше и за можноста за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Меѓународниот Балкански Универзитет со кој ќе им зголеми полето за одржување на практична настава на студентите и ќе ги подготви за понатамошен работен ангажман. Исто така беше посочено дека меморандумот може да биде и во делот на унапредување на капацитетите на вработените во министерството.

22.02.2023 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега