Тренчевска распали по власта: Кратите 30 милиони евра за да се луксузирате
Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата да скрати над 30 милиони евра од социјални трансфери и субвенции, порача пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска на прес-конференција во Собранието.
Нема власта пари за поголеми плати за работниците, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот, нема пари за детски додаток, за посебен додаток за децата со попреченост, за поголем образовен додадок, нема пари за повредените и семејствата на загинатите во Кочани.
Има пари само за нови луксузирања на функционерите на власта. И тоа е поразително.
Со овој ребаланс власта крати пари за најранливите – за детски додатоци, образовен додаток, додатоци за деца со попреченост, лични асистенти, заштитни друштва каде се вработени лица со попреченост, жртви на семејно насилство.
Лични асистенти на лица со попреченост и негуватели на услугата помош и нега во домот на стари лица, немаат добиено надоместок од април 2025 а сега дополнително се кратат пари за најранлиците. Организациите кои се борат против семејното насилство остануваат со намален буџет од 20 милиони денари, токму во момент кога самиот министер признава алармантен раст на семејното насилство!
Ставката за нови градинки се зголемува, но вистинската причина не е дека има нови проекти туку реализацијата до 1 јули беше нула денари, не можат проектите на СДСМ да ги завршат.
Истовремено, додека крати пари за народот власта ги зголеми за 30 милиони евра трошоците за сопствено луксузирање – за стоки и услуги за функционерите, за приватни авиони, папаја и манго.
Ова е срамно понижување на граѓаните, на ранливите, на оние на кои им е непходна помош и поддршка во ова тешко време! Владата избра да го штити својот луксуз, а не стандардот на народот.
Загрижува тоа што со овој ребалнст се гледа дека дупката во ПИОМ расте а наплатата на придонесите не оди добро. Тоа на долг рок значи загрозување на исплатата на пензиите на нашите пензионери.
Овој ребаланс е потврда за: економскиот неуспех на Владата, за ингорантскиот однос на власта за потребите на граѓаните и социјално ранливите.
Затоа СДСМ поднесува 160 амандмани, додаде Тренчевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа