Тренчевска: Ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите
По повод 2 април Денот за подигање на свеста за лицата со аутизам, денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставниците на Светска Банка, го посетија Центарот за сензорна терапија ,,Во мојот свет", Охрид.
„Наша должност, како општество е да не забораваме ниту еден член на нашата заедница. Различностите не треба да бидат пречка, туку можност да се истражи потенцијалот што секој поединец го носи во себе и на таков начин да направиме простор да ги искаже секој од нас своите посебности и вештини. Денес, ден по 2 Април на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам, ми претставува особена чест да истакнам дека ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, за еднакви права и можности за сите наши граѓани и повторно ја зацврстуваме вредноста на инклузија како наша највисока цел и да потврдам уште еднаш дека нашите заложби се секојдневни, не само на деновите кои се наменети за обележување,“ порача Тренчевска.
Министерката се осврна на политиките и активностите на кои работи министерството, како зголемувањето на паричниот надоместок на посебниот додаток за 15%, намалување на границата на користење на трајниот надоместок, а за услугата лична на асистенција, покрај намалената возрасна граница, корисници на услугата лична асистенција, се и лица со комбинирана попреченост доколку истата е врз основа на една од попреченостите.
„Со Националната стратегија за правата на лицата со попреченост делуваме и докажуваме дека различностите не се нешто од што треба да се плашиме, напротив, тоа е нешто што треба да го научиме да живееме со тоа,“ посочи Тренчевска.
Како Министерство секојдневно ја шириме мрежата на даватели на социјални услуги, рече Тренчевска, со што ја зголемуваме бројката на лиценцирани даватели на социјални услуги. Досега се лиценцирани повеќе од 80 даватели, а склучени се 25 управни договори со овластени даватели на социјални услуги.
Таа се осврна и на реконструкцијата на Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади во Скопје која е на својот почеток, а во ново-оформениот Центар за социјални услуги предвидени се услуги за рана идентификација и интервенција, дневни центри, професионална рехабилитација и центар за одмена на семејната грижа. Отворени се и инклузивни игралишта, во повеќе градови во државата со поддршка на меѓународната заедницата кои ќе придонесат за сигурен, безбеден и квалитетен живот на децата со попреченост.
„Сигурна сум дека политиките за попреченост ќе продолжат да се развиваат како законски така и финансиски, а се во насока на остварување на правата на децата и лицата со попреченост, “ посочи Тренчевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа