Трамп наполни 78 години, Бајден упати честитка

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп денеска полни 78 години, а неговиот демократски ривал, актуелниот претседател Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи му порача дека годините се „само бројка“.

„Среќен 78-ми роденден, Доналд. Слушнете го ова од еден до друг старец: Годините се само бројка“, рече Бајден на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека овие избори сепак се „избор“.

14.06.2024 - 22:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега